-->
-->
Во Џенова врие од коронавирус, Пандев не е меѓу заразените
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2020/september/genova-276263.jpg?itok=Pxbb5ylJ)
Грифоне веќе потврдија дека Матија Перин беше позитивен во саботата, додека во неделата уште Ласе Шоне покажал позитивен тест. Потоа, тимот патувал во Неапол, каде што играа на „Сан Паоло“, а сега 24 часа по мечот, Џенова објави дека има 14 позитивни тестови во тимот.
Според „Скај спорт Италија“, дури 11 од овие позитивни тестови се на фудбалерите. Тие шпекулираат дека дел од фудбалерите при враќањето во Џенова имале симптоми по што се наредени нови тестови. Поради ова, мечот против Торино овој викенд најверојатно ќе биде одложен, а фудбалерите на Наполи ќе мораат во изолација и на постојано тестирање.
Што се однесува до македонскиот репрезентативец Горан Пандев според пишувањето на спортмедиа.мк капитенот не меѓу заразените и се чувствува добро.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?