-->
-->
Во Египет уапсен синот на поранешниот претседател Мохамед Морси
-->
Еден од синовите на поранешниот египетски претседател Мохамед Морси беше уапсен вчера од властите, соопшти неговиот адвокат.
Осама Морси е уапсен во својот дом во градот Загазиг, на 65 километри североисточно од Каиро, соопшти Абдел Максуд, адвокат на соборениот од власт во 2013 година претседател кој го претставува и неговиот син. При апсењето полицијата запленила лаптопи, мобилен телефон и готовина.
На Осама Морси, кој по професија е адвокат, му се суди за случајот поврзан со протестот на движењето „Муслимански браќа" во Каиро од август 2013 година, при што загинаа десетина полицајци кога беа насилно задушени протестите.
Не е јасна причината за апсењето на Морси, кој би требало да се појави в саботата на рочиште за случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости