Во февруари 19.066 сообраќајни прекршоци регистрирани со „Безбеден град“

Во текот на февруари констатирани се 19.066 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“. Од нив, за брзо возење се 18.172 прекршоци.
- Во периодот од 1 до 28 февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите, каде што се поставени камери, регистрирани се вкупно 19.066 прекршоци. Од вкупниот број регистрирани прекршоци, најголемиот број се за управување возило со брзина поголема од дозволената - 18.172, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 220 прекршоци, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 674 прекршоци.
Исто така, изречени се вкупно 653 мерки забрана за управување со возило, од кои 220 се за минување на црвено светло, а 433 се за брзо возење, информираат од МВР.
Гледано по седмици, најголем број прекршоци се регистрирани во периодот од 2 до 8 февруари - 4.991, а најмал во периодот од 9 до 15 февруари - 4.490. По денови, најмногу прекршоци се регистрирани на 28 февруари, а најмалку на 11 февруари - 377. Во текот на минатиот месец дневниот просек изнесува 706 прекршоци.
- Повеќето од прекршоците се регистрирани на подрачјето на град Скопје - 12.073 или 63,3 % од вкупниот број регистрирани прекршоци. Значаен дел од прекршоците е регистриран и на патните правци по должината на коридорите 8 и 10 - вкупно 5.702, а најмал број на подрачјето на СВР Тетово - 370 и дриги локации - 17 прекршоци - велат од МВР.
Апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за посигурни и побезбедни патишта.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
