Во февруари 366 лица со овчи сипаници, 68 случаи на шуга и три на заразни заушки

Претходниот месец евидентирани се 366 лица со овчи сипаници, 68 случаи на шуга и три на заразни заушки, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен денеска.
- Во текот на февруари 2025 година, во Република Северна Македонија, пријавени сe вкупно 746 заболени лица од акутни заразни заболувања - без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 40,6 на 100.000 жители. Во текот на месец февруари се бележи намалување на вкупниот број на заболени лица за 11,3 отсто во однос на претходниот месец јануари 2025, потенцираат од ИЈЗ.
Најголем број акутни заразни заболувања на ниво на ЦЈЗ е пријавен на територија на ЦЈЗ - Скопје, а најмал број е пријавен во ЦЈЗ - Охрид.
Во текот на февруари, најчесто регистрирано акутно заразно заболување биле овчите сипаници со вкупно 366 пријавени лица. Споредено со претходниот месец, јануари, се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 32,6 отсто, додека во однос на месец февруари 2024, се регистрира намалување за 44,6 проценти.
Евидентирани биле 22 случаи на инфективна мононуклеоза, 13 случаи на скарлатина, четири случаи на голема кашлица и еден случај на легионерска болест. Пријавени биле 18 случаи на салмонелози, осум случаи на бактериски алиментарни инфекции и интоксикации и по еден случај на кампилобактериоза, џардијаза и шигелоза. Имало 68 случаи на шуга и еден случај на бактериски менингит. Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции, без ХИВ/СИДА, биле регистрирани седум заболени лица - пријавени се четири случаи на вирусен хепатитис Б и три случаи на инфекција со хламидија.
Во февруари пријавени биле два случаи потврдени на ХИВ и еден случај на СИДА, сите од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 49 години.
- Регистриран е еден смртен случај од СИДА, пријавен во 2024 година, додаваат од ИЈЗ.
Од пријавените три случаи на заразни заушки, два припаѓаат во возрасната група од 10 до 14 години, а еден е возрасно лице над 50-годишна возраст. Два од трите случаи се од Скопје, еден е од Куманово.
- Еден од случаите е комплетно вакциниран согласно Календарот за имунизација, а другите два случаи се со непознат вакцинален статус. Трите случаи се клинички потврдени, истакнуваат од ИЈЗ.
Во државава во текот на месец февруари, пријавени биле вкупно седум случаи на Ковид-19, покажуваат податоците на Институтот.
Ново на Сител
-

Почина 2-годишното детенце повредено од залутан куршум за време на новогодишната ноќ
-

Обвинение против осум физички и едно правно лице за злоупотреби со набавки во РЕК Битола
-

Студено утро со минусни температури, попладне дожд и снег на повисоките места
-

Живееме подолго, но сме помалубројни: повеќе умрени од родени, сè помалку бракови, сè повеќе разводи
-

Швајцарија прогласи петдневна жалост по пожарот во Кран-Монтана, граѓаните оддаваат почит
-

Вкупно 228 бебиња се родиле во кавадаречката болница во 2025, наспроти 140 во 2024 година
-

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворање на нова градинка во Кочани
-

Руската воздушна одбрана собори 64 украински дронови над 10 руски региони
