Свет
3. November 2020 - 20:53

Во Франција 36.330 новозаразени од Ковид-19, нов рекорд по 15 април

Француските здравствени власти денеска пријавија нови 36.330 случаи, додека 854 лица починаа како резултат на Ковид-19.

Ова е најголем дневен број на смртни случаи од оваа болест во еден ден од 15 април и двојно повеќе од понеделникот, кога имаше 416, а вкупниот број смртни случаи сега е 38.289.

Вкупниот број заразени, пак, сега изнесува 1.502.763, со што Франција е петта во светот.