Во Франција отворена истрага по хакерските напади врз неколку министерства
Обвинителството во Париз за борба против кибер криминалот отвори истрага по хакерските напади на веб-страниците на неколку француски министерствата.
– Истрагата се однесува на кривично дело попречување на автоматизиран систем на податоци извршено од организирана банда, а за такво дело казната може да биде до 10 години затвор и парична казна од 300.000 евра, се наведува во соопштението на Обвинителството.
Неколку француски министерства и јавни служби од неделата вечерта беа цел на хакерски напади со „висок интензитет“, соопшти Владата, додавајќи дека е воспоставен пристапот до веб-страниците на државните институции.
Различни хакерски групи, вклучително и Анонимус Судан, проруска група и неколку исламистички групи, ја презедоа одговорноста за хакерските напади врз француските институции.
Кибернападите врз министерствата за економија, култура, еколошка транзиција, Кабинетот на премиерот и Генералниот директорат за цивилно воздухопловство, беа извршени преку „укинување на услугите“ (ДДоС), со метод за блокирање на услугите со задушување со испраќање огромен број барања.
Кабинетот на премиерот Габриел Атал во неделата вечерта објави дека е активирана кризната единица „за примена на контрамерки и гарантирање на континуитетот на ИТ услугите“.
Ново на Сител
-
Саат на Џон Ленон вратен кај Јоко Оно по судски спор
-
На 101 година почина јапонската принцеза Јурико Такаги
-
Во Хрватска уапсен министерот за здравство Вили Берош
-
Тошковски: Дозволи за оружје се делеле незаконито, отказ за 15 високи полициски функционери
-
Доживеал паничен напад, сведокот Гоце Трајковски не се појави на судењето за Вања и Панче
-
Трамп вети силна војска и крај на војните
-
Најмалку 10 загинати во пожар во дом за стари лица во Шпанија
-
Лига на нации: Македонија ја совлада Летонија и обезбеди пласман во Лига „Б“