Во Франција продолжуваат протестите против пензиската реформа
Во Франција денеска повторно има протести и штрајкови против реформата на пензискиот систем, со зголемено полициско обезбедување поради опасност од насилство.
Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманен изјави дека 13.000 полицајци се распоредени на улиците, од кои речиси половина во главниот град. Протестите започнаа мирно.
Новиот бран штрајкови и протести е десетти од почетокот на годинава, а денешниот протест се одржува два месеца по почетокот на социјалната мобилизација против спорниот закон.
Синдикатите ги повикаа работниците да ги напуштат работните места и да излезат на улица.
Демонстрации и насилство ја потресоа Франција и пред 16 март, кога со вонредно уставно овластување без гласање во Националното собрание беа усвоени контроверзните реформи за одложување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
Премиерката на Франција, Елизабет Борн изјави дека не се откажува од реформата на пензискиот систем.
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
