Во Франција протести и штрајкови во училиштата
На повик на синдикатите денеска во Франција ќе се организираат протестни собири и штрајкови во училиштата, кои сметаат дека ветената помош на Владата во борбата против коронавирусот во училиштата е недоволна, јавуваат локалните медиуми.
Синдикатот ЦГТ одлуката на префектурата ја оцени како неприфатлива, додека друг синдикат повика на протест пред Министерството за образование.
Според синдикатите, минатата недела штрајкувале 75 отсто од просветните работници во градинките и основните училишта, додека надлежните наведуваат дека во основните училишта штрајкувале 38,5 отсто од наставниците.
Штрајковите доаѓаат на помалку од три месеци пред првиот круг од претседателските избори во Франција, закажан за 10 април. Дел од опозицијата побара смена на министерот за образование Жан Мишел Бланкер и ја критикуваше работата на претседателот Емануел Макрон, кој и покрај тие критики е фаворит во анкетите, иако се уште официјално не се кандидирал.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива