Во функција ставени повеќе од 220 фонтани за пиење вода во Скопје, најавено и поставување нови

Повеќе од 220 фонтани за пиење вода се повторно ставени во функција низ Скопје, соопшти денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава на Фејсбук.
Тој истакна дека градот мора да обезбеди основни услови за граѓаните, особено во летниот период кога високите температури ја зголемуваат потребата од пристап до вода за пиење.
-Со години, поради неажурност, ситни дефекти и негрижа, голем дел од фонтаните беа оставени надвор од функција. Во координација со ЈП „Водовод и канализација“ ги мапиравме, сервисиравме и повторно ги ставивме во употреба повеќе од 220 фонтани за пиење вода- наведе Ѓорѓиевски.
Според него, обновените фонтани ќе им бидат на располагање на децата, повозрасните граѓани, спортистите, велосипедистите, рекреативците, работниците, туристите и на сите што секојдневно се движат низ градот.
Градоначалникот најави дека, покрај обновувањето на постојните, се работи и на поставување нови фонтани на повеќе фреквентни локации во Скопје.
- Ова е враќање на редот, грижата и функционалноста во градот. Скопје мора да биде чист, уреден, достапен и хуман град. Продолжуваме со работа до секој детал, за секој граѓанин - порача Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
-

Откажан протестот на вработените во УЈП - добиле допис за дисциплински постапки
-

Договор за автопатот Скопје-Блаце
-

Нема кој да казнува за непочитување на Законот за употреба на македонскиот јазик
