Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор

Во гаснењето на големиот пожар што попладнево избувна во близина на Струмица се вклучи еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, засега огнот не успева да ги зафати куќите и викендичките во месноста Софилар и нема непосредна опасност за нив.
Градоначалникот на Струмица, Јанков изјави дека засега нема поголеми материјални штети.
-По избувнувањето на пожарот ТППЕ Струмица навреме интервенираше и не дозволи огнот да се прошири и да зафати куќи во селото Водоча. Заради силниот ветер огнот го менуваше правецот и се прошири кон селото Баница и месноста Софилар. Во гаснењето на пожарот дејствува еден ер трактор, кој ќе има големо влијание во гаснењето на пожарот - рече Јанков, чија изјава заедно со таа на Ангелов ја пренесоа од ДЗС.
Во гаснењето на пожарот е вклучена и механизација на ЈПКД „Комуналец“ и на други компании кои работат на ископување на против пожарни пречки.
МИА
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
