Во Германија 9-годишно девојче по грешка било вакцинирано против коронавирус, таткото поднел пријава
Во Германија деветгодишно девојче по грешка било вакцинирано против коронавирусот, а детето се чувствува добро. Според изјавата на полицијата во центарот за вакцинација во Бобинген, во областа Аугсбург, вакцинирано е дете, чиј татко поднел пријава.
Во тек е истрага која според „Аугсбургер алгемајне“ треба да утврди како детето ја примило вакцината. Вакцината требало да му биде дадена на таткото, кој закажал состанок, на кој дошол со својата ќерка. Според медиумите, лекарот кој требало да ја спроведе вакцината го прашал девојчето дали се плаши од инекции.
Во моментот кога ја дезинфицирал раката на детето, таткото сметал дека станува збор за шега. Сепак, веднаш потоа, лекарот ја боцнал со вакцината од компанијата Бионтек-Фајзер . Оваа вакцина во моментов е дозволена само за лица над 12 години.
Според медиумите, девојчето се чувствува добро по вакцинирањето.
Ново на Сител
-
30 години дипломатски односи со Јапонија
-
Македонски шуми започнуваат со обнова на расадниците
-
Пазарите преплавени со лажен фалсификуван мед
-
Преглед на вестите од светот
-
14 загинати, меѓу нив и Македонец при уривање на бетонска конструкција на железничката станица во Нови Сад
-
Како да се заштитите од фишинг напади?
-
Тема на денот со Малинка Ристевска Јорданова, експерт за ЕУ
-
По години чекање и живот во сенка, Бадема Барути доби македонско државјанство