-->
-->
Во Германија уапсен можен соучесник на Анис Амри
-->

Германското јавно обвинителство денеска објави дека во Германија е уапсено лице што контактирало со Тунижанинот Анис Амри кој што минатиот понеделник со камион влета во бозикен панаѓур и уби 12 луѓе, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Според германскиот печат се работи за туниски државјанин на возраст од 40 години кој бил во контакт со Амри.
Според медиумите лицето е уапсено на поранешниот аеродром Темпелхоф кој што сега служи како сместувалиште за бегалци. Во соопштение за јавнот германското јавно обвинителство вели дека во телефонот на Амри бил пронајден бројот на засега неидентификуваниот туниски државјанин за кого истрагата утврдила дека најверојатно бил поврзан со терористичкиот напад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
