-->
-->
Во Германија зголемен бројот на мигранти кандидати за социјална помош
-->
Бројот на мигрантите кои поднеле молби за социјална помош во Германија е зголемен за 169 отсто во минатата година, се вели во статистички податоци.
Според германската Служба за статистика, околу 975.000 мигранти добиле помош законски како кандидати за азил во крајот на 2015 година. Тоа е шесто по ред годишно зголемување.
Во 2014 година таа цифра била 363.000. Во 2015 година кога Гермнаија прими над милион бегалци, државните расходи за помош на мигрантите се зголемиле за околу 120 отсто достигнувајќи сума од 5,3 милијарди евра.
Според статистиката, две третини од оние кои добиле помош се од Азија. Други 22 отсто се за мигранти кои дошле од европски држави кои се вон ЕУ, и 13 отсто добиле мигранти од Африка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло