Во Гевгелија ќе се постави монтажна модуларна болница
Општинскиот кризен штаб ја поддржа иницијативата за поставување монтажна модуларна болница во Гевгелија која ќе функционира во рамки на регионалните Ковид центри во земјава, како дел од подготовките на здравствениот систем за есенскиот бран на пандемијата од корона вирусот.
За таа цел, на локацијата на паркинг просторот пред сегашната Брза помош, на северниот дел од објектот на Општата болница во Гевгелија, почна подготовките за поставување на модуларната болница на површина од 450 квадратни метри.
– Локацијата ја предложија од Општата болница и со неа се исполнуваат двата основни критериуми – монтажниот објект со тријажен центар и стационар да биде близу до Општата болница и да има непосреден пристап до потребната инфратруктура, изјави градоначалникот Сашо Поцков, додавајќи дека Оштината и Јавното комунално претпријатие се подготвени да ги обезбедат потребните инфраструктурни поврзувања на монтажниот објект.
Поцков информираше и дека од тројцата новодијагностицирани со Ковид -19, едниот е од Гевгелија, а останатите двајца се од Богданци и Дојран.
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење