во Гевгелија предавање за органската храна и органското производство
Гевгелија, 21 јуни 2016 (МИА) - Во рамки на oдбележувањето на Зелената недела на ЕУ во Гевгелија во организација на локалната самоуправа се одржа предавање на тема „Органска храна-органско производство кое се совпаѓа со годинашнава порака на ЕУ инфо мрежата за инвестирање позелена иднина.
Целта на предавањето беше да се промовираат настани за подобрување на условите и нови инвестиции во руралните средини во државата односно за генерално инвестирање во одржливиот развој на идните генерации.
- Органското или биолошкото производство е стариот традиционален начин со кој нашите предци произведувале. За органското производство мора да имаме благосостојба на сите живи органзими кои ја населуваат планетата Земја за да произведеме храна во која нема пестициди и колку што е можно повеќе да се намали употребата на вештачки ѓубрива, нагласи во своето обраќање предавачот Крунислав Пешев, наставник по биологија.
Само на тој начин, додаде Пешев, може да добиете здраво еколошко производство и да ги заштитиме горните слоеви на почвата од негативни влијанија на штетни препарати.
Вечер во Гевгелија ќе се одржи уште едно предавање посветено на генетски модифицираната храна.
Ново на Сител
-
СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена е кривична пријава против едно лице
-
Министерката за образование и наука го честита Меѓународниот ден на студентите
-
Гостиварец физички ја нападнал сопругата, следува соодветен поднесок
-
Герасимовски: Повторен вандализам во Капиштец, обиен багер
-
Израел ги обнови нападите врз Бејрут, погодени станбени области
-
Опожарено возило во Штип
-
Снимка од дворот на Раде Штекли, ова е моментот кога експлодирала бомбата | ВИДЕО
-
УЕФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово