Македонија
21. јуни 2016 - 12:43

во Гевгелија предавање за органската храна и органското производство

Гевгелија, 21 јуни 2016 (МИА) - Во рамки на oдбележувањето на Зелената недела на ЕУ во Гевгелија во организација на локалната самоуправа  се одржа предавање на тема „Органска храна-органско производство кое се совпаѓа со годинашнава порака на ЕУ инфо мрежата за инвестирање позелена иднина.

Целта на предавањето беше да се промовираат настани за подобрување на условите и нови инвестиции во руралните средини во државата односно за генерално инвестирање во одржливиот развој на идните генерации.

- Органското или биолошкото производство е стариот традиционален начин со кој нашите предци произведувале. За органското производство мора да имаме благосостојба на сите живи органзими кои  ја населуваат планетата Земја за да произведеме храна во која нема пестициди и колку што е можно повеќе да се намали употребата на вештачки ѓубрива, нагласи во своето обраќање предавачот Крунислав Пешев, наставник по биологија.

Само на тој начин, додаде Пешев, може да добиете здраво еколошко производство и да ги заштитиме горните слоеви на почвата од негативни влијанија на штетни препарати.

Вечер во Гевгелија ќе се одржи уште едно предавање посветено на генетски модифицираната  храна.