Во Гевгелија продаени 19 парцели за изградба на куќи на три локации

Општина Гевгелија по пат на јавна електронска аукција денеска продаде 19 од 20 огласени парцели за изградба на индивидуални станбени куќи на три локации во градот, чија што почетна цена изнесуваше 61 денар за квадрат.
Најголем интерес предизвикаа понудените парцели во атрактивната станбена населба „Караорман“ каде беа продадени 8 градежни парцели по цени кои се движеа од 111 до 1.620 денари.
Во новоотворената градска населба на Мрзенски рид беа продадени пет градежни парцели за резиденцијални станбени објекти по цена која се движеше од 71 до 1.500 денари за метар квадратен, а во станбената населба „Касарна“ покрај Моински пат беа продадени шест градежни парцели кои достигнаа цени од 510 до 880 денари за квадрат.
Од општината велат дека ова претставува најдобра потврда за решеноста на гевгеличани да градат свои куќи поради што наскоро одделението за урбанизам ќе понуди уште градежни парцели на продажба.
Ново на Сител
-

Колку ќе биде тешко да се докаже дали во кумановско имало сериски убиец?
-

Истрага за пет тони марихуана
-

Бугарија ќе нема право на вето кај постепеното зачленување во ЕУ
-

Паневропска Унија: Сите земји треба да имаат полноправно членство на ЕУ, не држави без право на глас
-

Забрзано се гради новата делница од Коридор 8 Гостивар - Букојчани
-

Уништен еден тон небезбедна „здрава“ храна
-

Да се повлече предлог законот за извршување, бара КСОМ
-

Како Австриската развојна агенција и помага на земјава со реформите за ЕУ
