Во Градско до 17 часот излезноста 62,25 проценти, во Чашка 43,36 проценти
Во општина Градско од вкупно 3.147 гласачи регистрирани на единствениот избирачки список на 11. избирачки места во општината, до 17 часот гласале 62,26 проценти од гласачите, информира Мери Седмакова Димовска, претседател на ОИК на Градско.
- Изборите се одвиваат во најдобар ред, а гласањето е во мирна и демократска атмосфера, изјави Седмакова Димовска.
Во општина Чашка, како што соопшти Марјан Јовановски, претседател на ОИК на Чашка, од вкупно 6.017 гласачи запишани на Единствениот избирачки список до 17 часот на 30.те избирачки места гласале 2.607 гласачи или 43,36 проценти.
- Изборите се одвиваат мирно и без инциденти. Избирачките места во општината ги следат домашни набљудувачи од МОСТ, а не посетија и набљудувачите од ОБСЕ информира Јовановски
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија