-->
-->
Во Грција приведени активисти, кои мигрантите ги поттикнувале на насилство
-->
Грчката полиција привела денеска 17 лица, претежно странски државјани, за време на апсењето волонтери, за кои постои сомневање дека шират злонамерни гласини меѓу вознемирените мигранти на границата со Македонија.
Полицијата приведе 16 осомничени лица, кои се ослободени без да се покрене обвинение против нив, додека човек со германска националност е задржан поради поседување оружје.
Приведените се идентификувани како државјани на Германија, Австрија, Шведска и Португалија, како и двајца Грци со палестинско потекло и еден Сириец.
Грчката Влада тврди дека некои волонтери и добротворни активисти во кампот Идомени стојат зад неодамнешните немири, кога стотици мигранти се обидоа да се пробијат во Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Луксембург единствена држава во ЕУ каде жените се поплатени од мажите
-
Антикорупциска нема основ за поведување постапка против директорот на АНБ, Бојан Христовски
-
Отстранети неколку диви депонии во Чаир, Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром
-
ЦУ: Спречен шверц на злато, лекови и фотоапарати
-
Еден од двата лифта расипан во МРТВ, ред се чека 40 минути | ФОТО
-
Руски брод потона по експлозија
-
Снег и ветер го блокираат Балканот: Патувајте само ако е неопходно
-
Шпанија: Откриени компании кои увезле 2.000 тони фалсификувана стока во ЕУ