Во Грција вкупно 22 жртви од Ковид-19, заразено 821 лице
Уште две лица во Грција починаа од коронавирусот, со што бројката на жртви се зголеми на 22, додека, пак, регистриран е вкупно 821 потврден случај на Ковид-19, од кои 78 се во изминатите 24 часа, јави дописничката на МИА од Атина.
Според податоците соопштени од претставникот за Ковид-19 од Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас, хоспитализирани се 134 лица, приклучени се на апарати 53 граѓани, а 36 се пуштени од болница.
Во Грција, до сега се анализирани над десет илјади примероци.
Заменик – министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас на денешната прес- конференција рече дека поради појавени девет позитивни случаи на коронавирусот во општинската единица Мики во регионот на градот Ксанти од 18 часот попладнево е прогласена вонредна состојба.
Селото со околу 1.000 жители во следните две седмици ќе биде во целосен карантин, без можност за движење на граѓаните.
Ново на Сител
-
Марта Кос изрази длабоко жалење за „страшната трагедија“ во Кочани
-
Мицкоски: Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија
-
Тошковски: 51 лице загина, над 100 повредени во пожарот во Кочани
-
ФФМ ги одложи денешните натпревари во сите конкуренции
-
Мобилизирани сите тимови во Штипската клиничка болница за укажување помош на повредените од пожарот во Кочани
-
Најмалку 51 жртви во пожар во дискотека во Кочани
-
На Скопските клиники, Градската хируршка болница и во „8 Септември“ хоспитализирани над 80 повредени од Кочани
-
МВР: Се приведуваат сите поврзани со организацијата на настанот во Кочани