Во Хонг Конг нови ограничувања поради коронавирусот
Новите мерки воведени за борба против коронавирусот во Хонг Конг ќе стапат на сила денеска на полноќ.
Мерките опфаќаат задолжително носење заштитни маски на сите јавни затворени места, а секој што не ја почитува таа мерка би можел да се соочи со максимална казна од околу 645 американски долари, пренесува Би-Би-Си.
Спортските сали и центрите за забава ќе останат затворени до 28 јули, а дотогаш ќе важи и забраната за работа на рестораните по 18 часот.
Министерката за здравство Софија Кан рече дека ова е најкритично време за Хонг Конг.
-Бараме граѓаните да бидат трпеливи и да останат дома колку е можно повеќе, рече Кан.
Во Хонг Конг е забележан раст на бројот на заразени со коронавирус во последните неколку недели. Вчера беа потврдени 61 новозаразени и двајца починати.
Ново на Сител
-
Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле
-
Млад гостиварец осомничен за силување 13-годишно девојче
-
Намалена видливост поради магла на планинските превои Ѓавато и Буково
-
Утрово најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божик
-
Израелските демонстранти го повикаа Трамп да стави крај на војната во Појасот Газа и да ги ослободи заложниците
-
Денеска е Свети Наум Охридски - Чудотворец, исцелител и просветител на македонскиот народ
-
Сончево со умерена облачност, наутро студено со услови за магла