Во Хрватска убиен познат претприемач и уште три лица

Како што пишуваат хрватските медиуми, познат претприемач од подрачјето на Шибеник е убиен со автоматска пушка додека бил во автомобил пред еден дуќан во Водице.
Од страна на полицијата е потврдено дека во Ведице во автомобил покрај патот пронашле мртов маж застрелан во автомобил. Малку подоцна во 13.23 часот, полицијата од итната медицинска помош добила повик за пронајдени три мртви лица, двајца мажи и една жена, во еден објект на Јужната магистрала.
Полицијата ги повика граѓаните да помогнат и доколку видат возило марка Шкода со регистарски ознаки ŠI-959-HF да пријават во полиција и да не се приближуваат до возилото. Првичната информација била дека убиецот се самоубил, фрлајќи се од мост, што потоа беше демантирано од полицијата и сведоците.
До убиството дошло кога убиецот ги повикал жртвите за склучување на договор околу купување на хала од фирма која отишла во стечај а преговорите завршиле крваво по купувачот. Жртвите се најверојатно маж и жена и нивниот син, додека во автомобил со 20 куршуми пред неговата фирма е убиен бизнисменот Теди Сламиќ.
Убиецот неофицијално е Бранко Колопер, поранешен сопственик на фирмата Мактол, која пред три години отишла во стечај. Жртвите во магазинот најверојатно се Радојка Данек и нејзиниот сопруг и син.
Ново на Сител
-

Возачите да внимаваат, одрон повторно на автопатот Скопје-Велес
-

На Артан Груби му е одреден куќен притвор и одземање на патна исправа
-

Изменет сообраќаен режим денеска и утре на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци, клучка Петровец и клучка Аеродром
-

ЈПС - Скопје: Ново на skopjebus.mk: надополни картичка онлајн – брзо и лесно
-

Најмалку 25 припадници на мексиканската Националната града загинаа во престрелка со наркокартелот на Ел Менчо
-

Одлуки од вонредна седница на Дисциплинска комисија на ФФМ
-

Од полноќ бензините поскапи за половина, а дизелот за еден денар
-

Кривична пријава за кражба на дрва и остварена противправна имотна корист од 2 037 700 денари
