Во ИЕ 6 ДУИ изгуби, Вреди доби еден мандат
Државната изборна комисија (ДИК) вчера вечер ги сумираше вкупните резултати од гласањето на парламентарните избори, вклучувајќи го и вчерашното прегласување.
Како што информира претседателот на ДИК, Александар Даштевски на прес-конференција, во изборната единица (ИЕ) 5 коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 74 287 гласови или 10 мандати, коалицијата „Европски фронт“ на ДУИ има 27 278 гласови или четири мандати, коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ доби 26 668 гласови или три мандати, Левица има 9 850 или еден мандат, коалицијата „Вреди“ 10 793 еден мандат и ЗНАМ 8 671 или еден мандат
Во ИЕ 6 „Европски фронт“ освои 53 731 глас или осум мандати, „Вреди“ 47 849 гласови или 8 мандати, „Твоја Македонија“ има 21 639 или три мандати, а „За европска иднина“ освои 6 414 или еден мандат.
Почнуваат да течат роковите за приговори до петок, 19 часот, а за сумирање и утврдување на резултите е до петок, 22 часот.
Ново на Сител
-
Поплавени домови во Волково
-
Без струја повеќе места во Скопје, Битола, Тетово, Гостивар и Радовиш
-
ЦУК: Поплавени куќи, подруми, гаражи, улици, паднати дрва, прекини на струја и интернет
-
Возете внимателно во дебарскиот регион, има одрони
-
Мицкоски: Утре на Влада ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии
-
ЦУК: Интензивен пороен дожд и грмежи во Тетово и Скопје
-
Спасен повреден странски турист во Охрид кој паднал во тешко пристапен терен
-
Главчев: Ќе ги потсетам европските лидери кои се условите за прием на Северна Македонија во ЕУ