Свет
11. July 2020 - 14:05

Во Индија над 800.000 луѓе инфицирани со Ковид-19

Бројот на заразени луѓе со новиот коронавирус во Индија се искачи над 800.000 откако во изминатите 24 часа забележан е рекорден дневен пораст од 27.114 новозаболени лица.

Во изминатото деноноќие починале 519 лица, со што вкупниот број на смртни случаи од последици од Ковид-19 изнесува 22.123.

Во Индија досега со Ковид-19 се инфицирани 820.916 луѓе, со што земјата е на трето место, зад Бразил и САД.

За само девет дена бројот на заразени од 600.000 се искачи на 800.000.