Во Иран разбиена група поврзана со ИД

Иранските власти денеска ликвидираа тројца припадници на терористичката групација Исламска држава, пренесе ИРНА.
Терористите биле застрелани во куќа во градот Керманшах, близу границата со Ирак. Синоќа при операција во друг град во истата провинција е убиен уште еден високопозициониран член на ИД, а уапсени се неколкумина помагатели, изјави Асадола Разани, гувернерот на иранската провинција Керманшах.
Керманшах е област претежно населена со Курди сунити, каде што често има бунтови против властите на доминантно шиитската држава Иран. ИД е сунитска групација која ги смета шиитите за еретици. Таа имаше заземено под своја контрола голем дел од територијата на Ирак и Сирија.
Иранските власти соопштија дека последниве месеци ИД ги засили своите активности против Иран, поради зголеменото воено присуство на оваа земја во Ирак и Сирија.
Ново на Сител
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
-

Следната недела средба за правосудниот испит
-

Дел од граѓаните не знаат за своето културно наследство
-

Детството се сели на интернет, сè помалку игра, сè повеќе екрани
-

Преглед на вестите од светот
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
