Во Италија нов рекорд на починати во еден ден
Во Италија денеска е забележан апсолутен рекорд во дневната бројка на смртни случаи од Ковид-19. Во изминатите 24 часа починале 993 лица, што е највисок број од почетокот на пандемијата во оваа земја, која беше силно погодена и во пролетта.
Бројот на починати во еден ден го надмина и црниот 27 март, кога имаше 919 смртни случаи.
Што се однесува до бројот на заразени, евидентирани се 23.225 нови случаи од 226.729 тестирани, а вчера имаше 20.709 на 207.143 тестови. Во средата во Италија имаше 684 смртни случаи.
Помал е бројот на хоспитализирани во одделенијата за интензивна нега и другите капацитети. Денеска во италијанските болници се евидентирани 31.722 пациенти, 682 помалку од ден претходно, а 3.597 заразени се во одделенијата за интензивна нега.
Италија беше првата западна земја која беше сериозно погодена од пандемијата, а од почетокот на ширењето на Ковид-19 во февруари, 58.038 луѓе починле во како резултат на инфекцијата, што е највисока бројка во Европа по онаа во Велика Британија. Досега регистрирани се вкупно 1.665.000 случаи на инфекција со коронавирус.
Кога вториот бран на епидемијата нагло се забрза во Италија во првата половина на ноември, бројот на хоспитализирани се зголеми за околу 1.000 на ден, а бројот на пациенти во одделенијата за интензивна нега за околу сто.
Ново на Сител
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден
-
Еколошките здруженија реагираат на загадувањето на Охридското Езеро
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите