Во Италија од 4 мај ќе се намалат рестриктивните мерки
Италијанскиот поремиер Џузепе Конте синоќа изјави дека од 4 мај повторно ќе бидат отворени парковите во Италија и оти луѓето ќе можат да ги посетуваат своите роднини кои живеат во ист регион.
Конте во телевизиското обраќање до нацијата истакна дека граѓаните ќе мора да се придржуваат до мерката за физичка дистанца.
Тој наведе дека градоначалниците ќе можат да воведат ограничувања, колку луѓе ќе можат да влезат во паркот, со цел да се избегнат гужви. А, при посета на роднините ќе мора да се носат заштитини маски , а прославите и понатаму ќе бидат забранети.
– Доколку луѓето не се придржуваат до мерките, кривата на заразата може повторно да порасне, да излезе од контрола, бројот на починати ќе порасне, а штетата по економијата ќе биде непоправлива, наведе Конте.
Тој истакна и дека индивидуалните спортисти ќе можат да се вратат на тренизните на 4 мај, а професионалните спортисти на 18 мај.
На 18 мај исто така ќе бидат отворени библиотеките, музеите и уметничките изложби.
Фабриките и градилиштата ќе можат да работат што ги воведат мерките за безбедност за сузбивање на новиот коронавирус. Додека продавницте ќе бидат отворени на 18 мај, а рестораните, кафулињата и фризерските салони на 1 јуни
Во Италија со Ковид-19 се инфицирани 197.675 луѓе, од кои 26.644 починале, а оздравеле 64.928 луѓе.
Ново на Сител
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата