Во израелските напади во Газа 413 загинати, меѓу нив и високи претставници на Хамас
Бројот на загинати во израелското гранатирање во Појасот Газа достигна 413, јавија ДПА, повикувајќи се на здравствените власти во палестинската енклава која ја контролира Хамас.
Во нападите се повредени најмалку 660 луѓе. Израел денеска започна нова офанзива во Газа, со што стави крај на примирјето со исламистичката група.
Се стравува од целосно обновување на војната, забележува ДПА.
„Многу здравствени структури се буквално преоптоварени“ по новото гранатирање, соопшти денеска Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Светската здравствена организација од своја страна го истакна недостигот на лекови на палестинската територија.
„Поради недостиг на лекови, постои ризик здравствените работници да не можат да обезбедат третман за различни медицински состојби, а не само за трауматски рани“, предупреди СЗО.
Најмалку четворица високи претставници, вклучувајќи и двајца полицајци во администрацијата на Хамас се убиени во синоќешните напади.
Меѓу нив се шефот на владиниот административен комитет, Есам ал Далис, потсекретарот на Министерството за внатрешни работи, генерал Мохамед Абу Ватфа, главниот директор на службите за внатрешна безбедност, генерал Бахџат Абу Султан и потсекретарот на Министерството за правда Ахмед ал-Хета.
Ново на Сител
-
Приведени 7 полициски службеници
-
Продолжен притвор
-
Три дискотеки се затворени оти не исполнуваат услови, иако имаат лиценци
-
178 пациенти на лекување во болниците
-
101 повреден во кочанската дискотека на лекување во странство
-
Разговор со д-р Шапира Шахар, шеф на израелскиот медицински тим
-
Професор Давиктовски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници
-
Преглед на вестите од светот