Во Каиро пронајдено телото на исчезнат италијански студент

Телото на еден италијански студент, кој исчезна минатиот месец во Египет, е пронајдено во Каиро, соопшти денеска египетската полиција.
Џулио Реџени (28) беше прогласен за исчезнат на 25 јануари, откако излегол од својот дом во каирското предградие Гиза, за да се сретне со еден свој пријател, но никогаш не стигнал на средбата.
Неговото мртво тело е откриено на периферијата од египетскиот главен град, полуголо и со траги од тортура.
Египетскиот државен обвинител Ахмед Наги изјави дека дека на телото на Италијанецот имало траги од тепање, посекотини од нож, како и рани од изгореници направени со цигара.
Реџени (28) е дипломец од Одделот за меѓународни студии на Универзитетот во Кембриџ, но бил ангажиран како визитинг-предавач на Американскиот универзитет во Каиро.
На пријателот му јавил дека ќе дојде од Гиза со метро до центарот на градот.
На 25 јануари во египетскиот главен град имаше значително повеќе полицајци и безбедносни сили од обично, затоа што се навршуваа пет години од соборувањето на поранешниот претседател Хосни Мубарак.
Полицијата стравуваше од немири на иламистите, па беа претресени дури пет илјади домови за да се откријат потенцијалните потикнувачи на немири на улиците.
Местото каде Реџени требало да се сретне со пријателот е сосема блиску до плоштадот Тахрир, што се смета за симболичен центар на бунтот што го предизвика соборувањето на Мубарак.
Египетската полиција се уште не знае што е причината за смрта на Италијанецот, но се верува дека станува збор за „бавна смрт“.
Италијанското Министерство за надворашни работи побара од властите во Каиро „целосно разјаснување“ на случајот со студентот Џулио Реџени.
Ново на Сител
-

Превозниците бараат поврат на дел од акцизата за дизел
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура и туризам
-

Обид за намалување на цената на горивата и ублажување на енергетската криза
-

ССМ: Поскапувањето во маркетите почна, излезете на протест за повисоки плати
-

Мицкоски: Македонија системски подобро реагираше по пожарот во Кочани од Швајцарија во Кран Монтана
-

Екс директорот на Комунална, Рустеми се сомничи дека злоупотребил над 68.000 евра за фиктивни услуги
-

Обвинение за сопругот на Ивана: Насилството довело до самоубиство
-

Закани за бомби и убиства во медицинското училиште во Тетово – приведен 18-годишник
