Во католичката црква во Петралинци изложени моштите на Св.Кирил

Верниците денеска се поклонија пред светите мошти на Апостолот Кирил кои беа изложени во католичката црква „Свети Кирил и Методиј“ во село Петралинци, општина Босилово.
Бискупот Киро Стојанов посочи дека моштите се автентични, за што католичката црква има и соодветен сертификат. Почитувањето на моштите на светите лица било разгледувано на соборите уште во 8 век.
- На тој собор било одлучено дека верниците треба да ги почитуваат светите тела на светците и мачениците и други кои живеат со Христос, кои биле живи тела, Христови, храм на светиот дух кој ќе воскресне и прослави во верскиот живот. Тоа им дава на луѓето многу благодати, доброчинство и милост. Нашите мошти се автентични и потврддени од црковната власт и тоа дел од телото на Свети Кирил, монах и апостол Словенски, како што стои во самиот сертификат и потврда која ја имаме, рече Стојанов.
Додаде дека е од големо значење денешното изложување на моштите во Петралинци, чиј патрон се токму светите браќа Кирил и Методиј.
- Голема е честа за една заедница да дојдат моштите на еден светец. Затоа да ја искажеме нашата љубов и почит на заштитниците на ова место, бидејќи преку нив ние сме најблиску до Бога, да можеме да се воздигнеме и да ја зацврстиме нашата вера, рече Стојанов.
Моштите на Свети Кирил пред три години беа изложени во храмот во Богданци по повод неговото 150-годишно постоење. Претходно 14 години биле чувани во Скопје. Верниците од Петралинци првпат ја имаат приликата да се поклонат пред моштите во сопственото село.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
