Во Кавадарци „Биди поразличен-дочекај ја Нова година со спорт”

Под мотото “Биди поразличен-дочекај ја Нова година со спорт”, денеска стотици деца од Основното општинско училиште „Страшо Пинџур“ од Кавадарци спортуваа и на тој начин упатија порака дека спортувањето е пример, како на здрав начин може да се поминат предновогодишните денови. Настанот се одржа во спортската сала “Партизан”.
-Нашите ученици ја покажаа својата детска креативност и спремност преку игра и спорт да се вклучат во дочекот на Нова година. Во ова манифестација се вклучени сите ученици од прво до петто одделение заедно со своите наставници. Целта ни е преку игра и рекреација на поинаков начин да ја дочекаме Нова година. Теренот е поделен на осум секции, а секоја од нив содржи посебна активност која треба да се заврши за да се постигне резултат. Сето ова е организирано на начин соодветен на возраста на децата, рече наставничката Софија Јосифова, која ги координираше сите поединости на овој проект.
На трибините имаше родители, баби и дедовци, роднини на децата. Атмосферата беше предновогодишна и спортска. Најмалите од прво одделение на почетокот изведоа посебна игра со новогодишна кореографија.
Ново на Сител
-

Вашингтон и Сакраменто му понудија договор на Вестбрук пред неговото пензионирање
-

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Ласкарци - три лица се повредени
-

Над двеста илјади корисници без струја на Хаваи по налетот на урагант „Лала“
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
