Во Кавадарци откриени шест нови случаи на рак на дојка
Во шест случаи е потврдено малигно заболување, а дваесет и седум сомнителни случаи се препратени на дополнителни испитувања, од вкупно 500 пациенти кои биле прегледани со новиот мамограф, кој во кавадаречката Општа болница започна да работи од 21 септември минатата година.
Директорот на болницата Орцо Ангеловски денеска информираше дека кај шесте пациентки со дијагностициран карцином, болеста била откриена во подоцнежна фаза, најверојатно поради нередовни контроли.
- Кај дваесет и седумте сомнителни случаи пак, веројатно станува збор за почетен стадиум на болеста, а во такви околности шансите за успешно лекување се големи, нагласи Ангеловски.
И едните и другите се упатени на дополнителни испитувања и лекување.
Пред шест месеци, Кавадарци за прв пат доби мамограф, а десетици илјади пациенти од неколку општини можат да бидат прегледани. Пациентите од неколку општини од Тиквешијата, претходно за ваква здравствена услуга патуваа до Велес, Неготино или Скопје.
Ново на Сител
-
Зеленски: Украина останува на понудата да не напаѓа цивилна инфраструктура
-
Осми ден од блокадата на објекти на РТС
-
Харвард ја тужи администрацијата на Трамп заради замрзнатите средства за универзитетот
-
„Влен“ неделава треба да се трансформира во партија
-
Синдикатот на културата ќе одржи протестен совет пред Министерството за култура
-
НБА именува тројца кандидати за МВП
-
Сабаленка за поразот од Остапенко: По ова финале ќе нарачам Порше
-
Конте може да го напушти Наполи: Ми треба почит, не можам да живеам со надеж за чуда