Македонија
30. December 2016 - 14:46

Во Кичево продажба на рачни изработки за хуманитарни цели

По повод Новогодишните и Божикните празници денеска на градскиот плоштад во Кичево волонтерите на Општинската организација на Црвениот крст организираа продажба на новогодишни честитки и други рачни изработки.

Дел од понудените изработки се дело на штитеници од Дневниот центар за децата со посебни потреби во Кичево, а посетителите имаа можност од штандот на Црвениот  Крст да купат и рачни изработки кои ги донираше модната креаторка и блогерка Лумија Камилија.

Собраните средства ќе бидат наменети за Дневниот центар, информира координаторот на оваа хуманитарна акција Ивана Лазеска