Во Кичево протест за поддршка на иницијативата “За заедничка Македонија”

На платото пред Домот на културата во Кичево вечерва се одржа грѓански протест за поддршка на иницијативата “За заедничка Македонија”.
Во име на граѓанската иницијатива се обрати Даме Силјаноски, а присутните ги поздрави и Идеат Реџепоски, кој говореше во име на ромската етничка заедница.
- Во име на ромската етничка заедница ве поздравувам сите кои цврсто застанавте зад граѓанската иницијатива ”За заедничка Македонија” во одбрана на унитарноста и државноста на нашата заедничка татковина Македонија. Ромите од Кичево и од цела Македонија изминатите десет години успешно се интегрирани во системот на државата. Се зголеми писменоста, Ромите се дел од образовниот систем во Македонија, дечињата Роми ги има во детските градинки и речиси и да нема институција каде не работи припадник од ромската етничка заедница. Затоа сакаме Македонија да продолжи по вистинскиот пат, изјави Реџепоски.
Тој додаде дека изминатите четри години како советник во Советот на Општина Кичево ги застапувал сите граѓани без разлика на етнича или политичка припадност.
Протестот марш се одвиваше низ улиците на Кичево.
Ново на Сител
-

Инфантино не е вистинскиот човек да ја предводи ФИФА, порача британскиот премиер
-

Во изминатото деноноќие 30 пожари, сите се изгаснати, само еден е под контрола
-

Четврти ден продолжува гаснењето на големиот пожар во Грција
-

Илинденски свечености во Австралиско-сиднејската епархија
-

Илјадници луѓе добија наредба за евакуација од американскиот град Спокен на кој му се закануваат шумски пожари
-

Трамп најави нови разговори со Иран за денеска
-

Земјотрес во Скопје со јачина од 2,5 степени по Рихтер
-

Топло и ветровито, максималната температура до 39 степени
