Во Кичево се гради нова градинка

Градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари и претседателот на турската агенција Тика за Македонија Теоам Тириани, денеска во присуство на министерот без ресор Фуркан Чако, потпишаа меморандум за соработка.
По потпишувањето на меморандумот градоначалникот Дехари во придружба на преставниците на Тика и министерот Чако, во населбата Пашино поставија камен темелник за изградба на нова градинка, чија изградба треба да заврши, како што се планира, за три месеци.Вредноста на овој објект е околу 400 илјади евра и во целост се финансира од агенцијата Тика.
Претседателот на Тика за Македонија Тириани изрази задоволство што токму денеска се започнува еден објект кој ќе им служи на сите граѓани на овој град. - Токму денеска добив една добра вест дека во Кичево од вчера турскиот јазик ќе биде во службена употреба и во овој град, рече Триани.
Градоначалникот Дехари изрази голема благодарност до агенцијата Тика за помошта за изградба на овој инфраструктурен објект кој е многу значаен за сите граѓани на Кичево.
Ново на Сител
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
