Во Кичево зголемен бројот на пожари

Во 2017 година во Кичево има зголемен број на пожари во споредба со истиот период во изминатите две години, а најчеста причина е човекот, изјави денеска командирот на ТППЕ – Кичево, Горан Соколески.
Тој апелира за што повисока свест кај граѓаните во пристапот со околината и при евентуална појава на пожари граѓаните во кое било да ги контактираат на телефонскиот број 193.
- Од почетокот на 2017 година, па се досега имаме вкупно 79 пожари од кои 5 се технички интервенции. Од вкупниот број на пожари, 47 се на отворен простор, а 6 пожари се со поголема материјална штета. Во 2015 имавме вкупно 71 интервенција, додека во 2016 вкупно 65 интервенции. Ако гледаме компаративно и ги споредиме овие три години во истиот период ќе видиме дека има зголемување на пожарите на отворен простор во 2017, рече Соколески.
За 99 отсто од пожарите кои настануваат најчеста причина е човечкиот фактор, додека за еден процент причина се електричните уреди, инсталации, плински боци и др., потенцира командирот Соколески.
Тој истакна дека најголемиот број на пожари се случени од невнимание. Постојат случаи каде човекот со намера предизвикал пожар, но тоа е мал процент.
Ново на Сител
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
-

„Безбеден град“ од сабота ќе се применува и во Велес
-

Угостителските услуги во август на годишно ниво поскапи за 3.7 %
-

За викендот се најавува дожд и пад на температурата
-

Уапсен тетовец, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожар
