-->
-->
Во Кочани 25 деца Роми во проект за инклузија во градинка
-->

Невладината организација „Авена“ од Кочани веќе шеста година го реализира проектот „Инклузија на деца Роми во градинка“ во соработка со Министерството за труд и социјална полириа и Ромскиот едукативен центар од Скопје. Бројот на заинтересираните родители кои сакаат нивните деца да бидат опфатени во образовниот процес во детските градинки, секојдневно е се поголем.
Во општина Кочани со овој проект се опфатени 25 деца Роми што е секако еден од важните услови за социјализација на овие деца во градинките и подигање на свеста кај родителите во однос на потребата од предучилишно вклучување на нивните деца во образовниот процес, изјави Драганчо Горгиев, претстедател на невладината организација „Авена“. Многу од овие дечиња, истакнува тој, не го познаваат добро македонскиот јазик, па токму овде преку игра и влијание на нивните врсници, на воспитувачките и негувателките ќе се срушат тие бариери и децата подготвени ќе влезат во образовниот процес.
Преку Ромскиот ресурсен центар Скопје и невладината организација „Сонце“ од Тетово во општина Кочани се спроведува и проектот „Туторска поддршка на ученици Роми кои учат во основното образование од четврто, петто и шесто одделение, во кој проект, според Георгиев, се вклучени 77 деца, од кои 45 момчиња и 32 девојчиња.
Проектот „Инклузија на деца во градинка“ се реализира и во општина Виница и со него се опфатени 56 деца од предучилишна возраст, додека со проектот „Туторска поддршка на ученици Роми“ се опфатени 59 деца Роми во двете основни училишта во општината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Средба Ѓорѓиевски - Канел: Нов импулс за соработка во образованието, културата и локалниот економски развој
-

Албанскиот премиер Рама реагираше по протестот и насилствата на опозиција, во кој се повредени 19 полицајци, а приведено е 21 лице
-

Со „рено“ удрил во 69-годишна жена па избегал
-

Трамп и Нетанјаху ќе се сретнат седми пат годинава
-

Кривична за советник од Штип: Барал пари „на рака“ од граѓани за пасоши, па си ги ставал во џеб
-

Стабилна е состојбата на повредениот во синоќешната сообраќајка кај Белви
-

ДИК едногласно усвои шест одлуки на првата седница
-

Владата одлучи: Контрола на сите плантажи за канабис
