Во Кочани и населените места се реализираат повеќе инфраструктурни проекти
Реализацијата на инфраструктурни активности во Кочани и во населените места од општината се одвива според планираната динамика, а по асфалтирањето на улицата „Михајло Арсов“ во селото Прибачево, викендов заврши и изградбата на три крака од улицата „Маршал Тито“ во Тркање.
Привршуваат и подготовките за асфалтирање на околу 800 метри од улицата „Лазар Стоименов“ во Оризари. Се работи на доизградба на потпорните ѕидови и на потставување рабници. Претходно, комуналното јавно претпријатие „Водовод“ изгради водоводна и канализациска мрежа на оваа улица.
– Во тек е реализацијата на активности од Програмата за уредување на градежното земјиште, според која во селата Бели и Нивичани се бетонираат улици. Во Бели заврши бетонирањето на улицата „Ѓорѓи Бошков“ на која се поставени и банкини, а ќе се работи на уште една. Поради специфичноста на теренот каде не може да се изведе асфалтирање, во моментот се бетонира пристапна улица во селото Нивичани, а слични градежни работи ќе се изведуваат и на улица во Грдовци, како и пристапна улица во селото Прибачево. Нов бетонски слој ќе биде поставен и на улицата „Коста Рацин“ во Кочани, информираат од Секторот за урбанизам во општина Кочани.
Во Програмата за уредување на градежно зeмјиште за 2019 година за бетонирање улици и пристапни патеки наменети се 3,5 милиони денари. Во реализираните инфраструктурни активности во изминатиот период спаѓа и изградениот мост по течението на Трканска Река со што се реши еден долготраен комунален проблем и се олесни движењето на жителите од овој дел на селото Тркање.
Наскоро ќе започнат и активностите за реконструкција на десниот коловоз од улицата „Теодосија Паунов“ во Кочани, на потегот од автобуската станица до Агенцијата за вработување. Со Годишниот план за јавни набавки, за овој инфраструктурен зафат планирани се над 5,3 милиони денари, од кои дел се грант од Светска банка.
Ново на Сител
-
Зеленски повикува на акција против севернокорејските трупи во Русија
-
ЕК: Македонија треба да донесе закон за здравје на животните согласно новото европско законодавство
-
Извештај на ЕК: Политизацијата во јавниот сектор дополнително ја поткопува довербата во работата на администрацијата
-
Три лица претепани вчеравечер пред ноќен клуб во Скопје
-
Ден на жалост во Србија, тридневна жалост во Нови Сад
-
29-годишната Емилија вчеравечер убиена од нејзиниот сопруг кој штотуку излегол од затвор
-
Трамп ја проширува предизборната битка и ќе се обиде да ги освои демократските бастиони
-
Митровденска задушница - спомен за починатите