-->
-->
Во Кочани премиера на театарската претстава „Просидба“
-->

На сцената на Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани синоќа премиерно беше изведена театарската претстава „Просидба“ по текст на Чехов, во адаптација и режија на Трајче Георгиев.
Улогите на Ломов, Наталија и Чубуков ги толкуваат Александар Арсов, Марија Ѓоргиева и Тодор Ѓоргиев.
- Нашата „Просидба“ е весела, игрива и лесна адаптација на оваа едночинка на Чехов, мала школа во која младите актери се надополнуваат едни со други, играат, се забавуваат и на моменти знаат да бидат и многу сериозни, изјави по претставата Кристина Атанасова Арсова, директрор на Центарот за култура од Кочани.
Со оваа претстава Центарот за култура „Бели мугри“ ќе учествува на годинешниот 52. Драмски аматерски фетсивал на Македонија што ќе се одржи од 23 до 28 мај во Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хуманитарна планинарска прошетка за родители и деца во организација на ЗПСК Кожуф
-

Отворени 54-те Мајски оперски вечери
-

Без струја дел од Пинтија и Студеничани
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
-

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд
