Во Косово продолжува трендот на ниски бројки на починати и заразени од Ковид-19
Во Косово викендов продолжи трендот на опаѓање на бројот на смртни случаи и новозаболени од Ковид-19, поради што од утре стапуваат во сила новите, олеснети мерки за спречување на ширењето на пандемијата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според извештајот на Националниот институт за јавно здравство на Косово, последните 72 часа е забележан само еден смртен случај на заразен од коронавирусот (2.243 од почетокот на пандемијата), додека во истиот период, од околу 6.500 извршени тестирања, резутирале 69 нови случаи на заболени од Ковид-19.
Од петокот до денеска како излекувани се регистрирани нови 675 излекувани, со што вкупната бројка на лица кои досега ја совадале болеста достигна до речиси 102.785 од 107.405 лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на пандемијата.
Бројот на активни носители на вирусот, според официјални податоци на косовските здравствени власти, моментно изнесува 2.380.
По видното намалување на бројот на починати и заболени, Владата на Косово во петокот усвои нови, олеснети мерки за спречување на ширењето на пандемијата, кои стапуваат во сила утре, а со кои, меѓу другото, се предвидува укинување на полицискиот час и продолжување на работното време на угостителските објекти до 23 часот.
Ново на Сител
-
Десингерица или Слаткар | DJ Mats | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 067
-
Анкета на ИПСОС: Граѓаните имаат најголема доверба во Мицкоски
-
СВР Скопје расчисти кривично дело обид за убиство
-
АХВ: Од 41 дом за стари лица, 14 не биле регистрирани како оператори со храна
-
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност одржа средба со студенти од Филозофскиот факултет
-
Најмалку осум жртви откако се урна настрешница на железничката станица во Нови Сад
-
Рокас: Се надевам дека сите политички страни во земјата ќе се обединат и ќе преземат решителен чекор нанапред
-
Дурмиши: До 1 360 денари заштеда по домаќинство од есенската кошничка