Во Косово уапсен македонски државјанин со над шест килограми хероин, вреден 150 илјади евра
Косовската полиција соопшти дека вчера уапсила државјанин на Северна Македонија кај кого се пронајдени над шест килограми дрога хероин кој бил наменет за продажба, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во денешното соопштение на полицијата се наведува дека Дирекцијата за истраги на трговија со наркотици при полицијата во Приштина, во соработка со локалните безбедносни институции, „на 21.08.2024 година, по интензивна истражна работа на терен, презеде оперативни мерки, при што е идентификувано лице државјанин на Северна Македонија, за кое се сомничи дека поседувал, подготвен за продажба, наркотична супстанца од типот хероин“.
Од полицијата велат дека хероинот на осомничениот му го донеле други две лица, кои потоа со автомобил го напуштиле местото на настанот.
Вредноста на запленетиот хероин е околу 150.000 евра.
- По интервенција на косовската полиција, кај пријавениот се пронајдени шест пакувања со сомнителна наркотична супстанца од типот хероин со вкупна тежина од 6.137,6 грама (шест килограми и 137 грама), при што вредноста на сомнителната наркотична супстанца која е одземена се проценува на околу 150.000 евра, соопшти полицијата.
Како материјален доказ се одземени два телефони, автомобил и 4.305 денари.
Осомничениот бил приведен на разговор во присуство на бранител и со решение на државен обвинител одреден му е 48 часовен притвор, додека по другите две лица полицијата трага.
Ново на Сител
-
„Гледам момче бледо како крпа, ги нема нозете а нема крв“, потресна исповед на таксист кој помагал на повредените во несреќата во Нови Сад
-
Нема веќе спортисти на рекламите за обложување
-
Две лица повредени откако тинејџерка со автомобил излетала од патот
-
61-годишник со „мерцедес“ излетал кај Миладиновци, четири лица повредени
-
Наставник нападнал ученик во Охрид
-
Стоилковиќ: Празнувајќи го Меѓународниот ден на ромскиот јазик даваме придонес во чувањето и негувањето на културните особености на ромската заедница
-
Во октомври зголемени цените на угостителските услуги
-
Мет Лебланк од „Пријатели“ ѝ се посвети на новата работа со луксузни автомобили