Во Ковид-центрите на Интерните клиники ќе бидат испратени дополнителен број лекари
За 24 часа од компликации од Ковид-19 починаа 46 лица во државава, од кои најголем број – 19 се од Скопје. Регистрирани се 504 нови случаи од направени 1470 тестирања и 731 оздравен пациенти, се наведува во вчерашниот извештај на Министерството за здравство.
Вкупниот број позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 1376, а околу 160 празни болнички кревети има во ковид – центрите.
Третманот на болните, состојбата со капацитетите на ковид-центрите и ротациите со персонал беа теми на вчерашната средба на министерот за здравство Венко Филипче со директорите на Интерните клиники.
– На состанокот се разгледуваше состојбата за достапност на болничка терапија за ковид-пациентите кои се хоспитализирани. И покрај зголемената побарувачка на одреден број лекови, доставата на терапиите оди тековно и нема застој. За некои лекови кои се користат во болниците, потрошувачката е тројно зголемена во однос на истиот период лани, но потребните колични се испорачуваат и нема недостиг од лекови. Во моментов има доволно слободни места на Интерните клиники, се следи состојбата со бројот и приемот на пациенти и доколку се појави потреба, ќе се отворат дополнителни капацитети за згрижување ковид-пациенти, соопштија од Министерството за здравство.
Посочија дека во сите ковид-центри на Интерните клиники ќе бидат испратени дополнителен број лекари.
Министерот Филипче вчера се сретна со претставничката на УНИЦЕФ во државава, Патриција Ди Џовани, со која разговарале за набавката на ковид вакцини преку Ковакс механизмот и улогата на УНИЦЕФ во тој процес.
Ди Џовани од име на УНИЦЕФ ги предочила предностите од учеството на оваа организација во носењето на вакцината од производителите до нашата држава, како што е транспорт, шпедиција, обезбедување на дозволи за транзит, се што значи логистичка поддршка како и обезбедување на „Студен синџир“ за безбедна достава на вакцините во државата. Министерот Филипче рекол дека ги препознава предностите и дека истите ќе ги земе предвид кога ќе се одлучува кој ќе ја врши доставата на вакцините до нашата држава.
Вкупната бројка ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 69954, бројката на оздравени пациенти е 46352, на починати е 2023, а бројот на активни случаи изнесува 21579.
Ново на Сител
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време