Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 35 пациенти, а вкупно се лекуваaт 261 болен
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 35 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 261 лице сомнително и потврдено за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти и 6 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 15 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 30 пациенти, на Клиниката за неврологија 15 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 75 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 91 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти. На ГАК една хоспитализирана ковид позитивна пациентка.
Вкупно 261 пациент потврден и сомнителен за КОВИД- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
Ново на Сител
-

Воздушниот простор над Израел затворен за цивилни летови, МНРиНТ и Амбасадата во Тел Авив апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош
-

Трамп го потврди нападот врз Иран
-

Ирак го затвора воздушниот простор откако Израел и САД започнаа напади врз Иран
-

Најстудено утрово во Прилеп, Крива Паланка, Берово, Битола, дневната температура денеска од 10 до 15 степени
-

Ирански функционер: Иран се подготвува за одмазда, одговорот ќе биде катастрофален
-

Израел започна превентивен напад врз Иран, прогласи вонредна состојба
-

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран, цел е иранскиот претседателски комплекс
-

Трамп „не е задоволен“ од преговорите за нуклеарната програма на Иран
