Во Крива Паланка ќе се спроведе програмата Ромактед на ЕУ
Крива Паланка е една од општините во Република Македонија во која ќе се спроведува програмата Ромактед (ROMACTED) на Европската унија и Советот на Европа.
-Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, оствари средба со проектниот менаџер на програмата Ромактед, Маркос Андраде, со проектните раководители и претставници на Асоцијацијата за демократски развој на Роми „Сонце“ од Тетово, како и претставници од општинската администрација на која беше презентирана оваа програма. На состанокот се разговараше и за актуелната состојба на Ромите во општината, како и секојдневните проблеми со кои се соочуваат Ромите, со акцент на изнаоѓање начини за нивно решавање, информираат од службата за комуникација со јавност при Општина Крива Паланка.
Ромактед програмата е финансирана од Европската унија и Советот на Европа, А има за цел промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво.
Ново на Сител
-

Кoс: ЕК на 6 октомври ќе предложи нови идеи за постепена интеграција во ЕУ
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче удри на два фронта - „идиот“ за Мицкоски, „шлепер“ за сопартијците
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици

