-->
-->
Во Кривичен продолжува судењето за предметот „ТНТ“ на СЈО
-->
– Во Кривичниот суд за денеска е најавено ново рочиште за предметот „ТНТ“ кој се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.
Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Огнен Ставрев.
Меѓу обвинетите во случајот се поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски.
Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.
Бизнисменот Фијат Цаноски најави дека ќе бара отштета од 55 милиони евра, колку што ги цени неговите загуби од уривањето на станбено-деловниот комплекс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Меџити: Има добра волја за уставни измени
-
Ковачки: СДСМ да ја поддржи стратегијата
-
СДСМ: Сиљаноска да одговори зошто помилува тешки криминалци
-
Шест нови авио линии
-
Перински: Никој жив не може да пресмета колку должи ЈСП
-
ССМ охрабрени по ветувањата што им ги дал премиерот
-
Владата не очекува раст на цените