Во Куманово бесплатен градски превоз за пензионерите со ниски примања
Општина Куманово денеска ги повика пензионерите со ниски пензии да се пријават во Здружението на пензионери за користење на бесплатен јавен градски превоз два пати во неделата. Одлуката за оваа бенефиција за пензионерите ја изгласаа советниците на последната седница.
– Ги известуваме сите граѓани – пензионери на територијата на Општина Куманово, кои се членови на Здружението на пензионери – Куманово дека Општината во соработка со Здружението ќе издаваат бесплатен билет за пензионери, кои примаат пензија до 11.000 денари. Мерката ќе можат да ја користат во деновите вторник и четврток, во наредните три месеци, соопшти Општина Куманово.
За да можат да ги остварат своите права за користење на оваа мерка, се вели во соопштението, заинтересираните граѓани треба да се информираат и да поднесат барање до Здружението на пензионери – Куманово, кое ќе го менаџира процесот.
Здружението на пензионери Куманово брои 14.500 членови.
-Почнавме со прибирање на потребни документи и изработка на бесплатни автобуски билети за градски и приградски линии, изјави секретарот на Здружението, Гордица Бошковска.
Општина Куманово првпат воведува бесплатен превоз за највозрасната категорија граѓани.
Ново на Сител
-
Руд ван Нистелрој: Дојде време за промена
-
Лејкерси го испратија синот на Леброн Џејмс во Џи лигата
-
Мурињо суспендиран поради изјава по мечот со Трабзон
-
Состојбата на тројцата тешко повредени во несреќата во Нови Сад не е променета
-
Мишел и Фон дер Лајен телефонски разговарале со Трамп
-
Во судирите во Амстердам повредени 10 израелски навивачи, Нетанјаху испрати спасувачки авиони
-
ЦУК: Изминатите 24 часа - 10 пожари на отворено, еден сѐ уште активен
-
Лашоска: Мерките за намалување на ризикот од катастрофи на локално ниво се од суштинско значење за заштита на заедниците