Во Лазарополе утрово најсвежо

Утрово во Лазарополе е измерена најниска температура од 10 степени Целзиусови. Следат Берово со 11, 12 во Маврови Анови, 13 Битола, Попова Шапка, 14 Крива Паланка, 15 Охрид, Струмица, Крушево, Претор, Тетово, Прилеп, 17 СкопјеПетровец, Демир Капија, Куманово, Кавадарци, Штип, 18 во Скопје кај Зајчев Рид, Виница и во Гевгелија и 19 степени во Велес.
За изминатите 9 часа до 17 часот најмногу дожд од 10 л/м2 на дождомерните места на УХМР, е измерен во Тополчани, пото 8 во Маврови Анови, 6 Гевгелија, 5 Крива Паланка, 4 Лазарополе, 3 Кавадарци, Попова Шапка и 1 л/м2 во Прилеп, Струмица, Тетово.
Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Максималната температура ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и град. Максималната температура ќе достигне до 32 степена.
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
-

Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран
-

Пуштање во употреба на реконструираниот аеродром во Охрид, ќе присуствуваат премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николоски
-

Македонија одбележува 35 години независност
-

Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
