Македонија
28. November 2018 - 9:37

Во Македонија ќе се избираат мажи на годината

Оваа година по прв пат ќе се одржи избор на Мажи на годината во Македонија.

Имено, изборот на Мажи на годината ќе се бира во неколку категории и тоа Маж на годината, Маж со трајни вредности, Маж менаџер на годината, Странец менаџер на годината, Млад менаџер на годината, Маж со најголеми достигнувања во културата, Маж со најголеми достигнувања во спортот, Маж со најголеми достигнувања за општеството, како и избор на маж според социјални медиуми.

Идејата за реализација и организација проектот е на онлајн магазинот FRIDAY.MK и Агенцијата за организација на настани MOMENTUM INC., а е поддржан од Сојузот на стопански комори на Македонија.