Во моментов од Затвор Струмица во бегство се 23 затвореници, информира новоименуваниот в.д. директор Ристов
Во моментов од Казнено-поправната установа Затвор Струмица во бегство се 23 затвореници, информира новоименуваниот в.д. директорот на затворот Зоран Ристов.
Во видео обраќање за затекнати состојби во КПУ Затвор Струмица, Ристов вели дека ова е резултат на неодговорното работење на претходни раководства.
- Во изминатиов период во пракса било преку телефонски повик да се даде погодност на затвореник со зборовите „Јас стојам зад тоа’’. Ваквите процеси во претстојниов период уредно ќе се истражат. Оваа пракса во КПУ Затвор Струмица завршува и одговорност мора да следува. Прва моја задача е се врати достоинството и работниот имунитет на вработените, изјави Ристов.
Согласно Законот за извршување на санкции и куќен ред, Ристов, посочува дека КПУ Затвор Струмица ќе го врати нормалниот процес на ресоцијализација на осудените лица и најавува носење на годишен план за работа за подобрување на стандардот на затворениците во делот на услови за живот и работа.
На предлог на директорот на Управата за извршување на санкции, Владата на 24 јули годинава за ВД директор на Казнено-поправната установа „Затвор“ Струмица го именува Зоран Ристов, кој го замени ВД директор, Владимир Михајловиќ.
Вкупниот капацитет на КПУ Затвор Струмица изнесува 62 лица и во него се извршува казна затвор до три години, казна затвор за сторен прекршок и изречена мерка притвор согласно судско решение. Во затворот казна затвор издржуваат лица од Струмица, Кочани, Штип, Виница, Делчево, Берово и Радовиш.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз