Во Момин Поток за два месеца згрижени 40 бездомници
Во изминатите два месеца 40 бездомници биле згрижени во прифатилиштето во Момин поток отворено поради ниските температури, каде поминале 692 ноќи.
- Во период од 6 декември лани до 31 јануари годинава заради екстремно ниските температури беше отворено Прифатилиштето за преноќување, кое згрижуваше бездомници од 20:00 часот навечер до 08:00 часот наутро. Во овој период вкупно беа реализирани 692 ноќевања од страна на 40 бездомници кои воедно добиваа и оброк со топол чај, соопшти Црвениот крст на Град Скопје.
Од вкупно 692 ноќевања, 610 ноќеања се реализирани од страна на мажи и 82 ноќевања од страна на жени.
Од згрижените 40 бездомни лица, 34 се се мажи, а шест се жени. Од нив 11 лица за првпат се дојдени во пунктот да ги добијат потребните нешта кои им недостасуваат.
Биле ангажирани тимови кои беа 24 часа подготвени да реагираат на терен по дојава за лица најдени на улица во лоша здравствена состојба од страна на граѓани, полиција, брза помош, клинички центар и слично. На терен биле реализирани девет интервенции.
- За време на студениот бран Црвениот крст ангажирал 42 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи, како и седум лица од стручна служба при пунктот за бездомници во Момин Поток. При екстремно ниските температури во пунктот за бездомници четири скопски ресторани донираа топла чорба за оваа целна група, а голем број приватни лица помогнаа со топла облека и храна за оваа ранлива категорија, велат од Црвениот крст.
Тие работно ангажирале биле три бездомни лица на кои воедно им било помогнато и со плаќање на месечните кирии за домување до регулирање на нивниот статус како вработени лица.
Ново на Сител
-
За поубав сон: Скандинавски начин на спиење
-
Урсула фон дер Лајен и Туск: Шверцерите, Лукашенко и Путин нема да одлучуваат кој ќе влезе во Европа
-
Единаесет килограми опиум пронајдени во Велес, истрага за недозволена трговија со дрога
-
Утре студено со утринска магла по котлините
-
Татко пријавил дека малолетници ја допирале неговата ќерка во автобус на ЈСП, еден од нив и се соблекол пред неа
-
80-годишна жена од Скопје измамена за сума од 615.000 денари, и кажале дека нејзината ќерка прегазила дете
-
Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица
-
Апелација: Васил Јованов осуден со 3 години и 10 месеци затвор за претходно дело